„Порта Инженеринг“ доведе до агонија повеќе од 100 семејства. Зградата Порта Резиденс 1 „доцни“ две години од договорениот рок

Продолжува агонијата на повеќе од 100 семејства кои имаат купено станови во зградата Порта Резиденс 1 во Аеродром чии изведувачи се компаниите „Порта Инженеринг“ и „Специјал Градба“.

Иако рокот за завршување на зградата, според преддоговорите кои ги имаат склучено наведените компании со станарите е јуни 2022 година, клучеви од становите сеуште нема. Според станарите кои секојдневно одат на градилиштето и кои се нетрпение чекаат да влезат во своите домови, работите на зградата ќе траат уште најмалку 3-4 месеци.

Згора на се, идните станари во континуитет наидуваат на дрско и безобразно однесување, на прекин на контактите, но и на нови лаги и манипулации тогаш кога некој од вработените во компаниите ќе им се јави.

По напис на порталот https://skopjeinfo.mk/ „Порта Инженеринг“ излезе со соопштение на нивната официјална фб страна (06 јули 2023) во кое, признавајќи ја вината, гарантира дека крајниот рок за завршување на зградата ќе биде месец октомври 2023 година.  Откако и ова не го исполнија соопштението беше отстрането.


„ И покрај фактот што од „Порта Инженеринг“ сами упатија дека станарите имаат право на надомест на штета, на нашите барања за исплата на пенали согласно преддоговорите никој не одговара и нема никаква најава дека такво нешто воопшто ќе се случи.“ – вели станар кој има платено стан во оваа зграда.

„Голем дел од нас плаќаат кирии, непредвидени патни трошоци и слично, само од причина што ни две години по договорениот рок не можеме да влеземе во домовите, а од „Порта“ продолжуваат да ни даваат безброј нови ветувања и лажни рокови.“ – вели друг станар.

Проблемот на овие граѓани е крајно сериозен и време е и институциите во државата да бидат повеќе ангажирани, за вакви појави да не се случуваат во иднина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *