Поради силно невреме прекинат концертот на Дино Мерлин во Охрид

Силното невреме, бурата, дождот и ударите на гром го прекинаа долго очекуваниот концерт на Дино Мерлин на градскиот стадион на Сански мост.

Силното невреме, бурата, дождот и ударите на гром го прекинаа долго очекуваниот концерт на Дино Мерлин на градскиот стадион на Сански мост.

По еден час перформанс, Дино Мерлин ѝ се обратил на публиката и ѝ соопштил дека концертот поради ненадејното олујно невреме, поради безбедноста на сите посетители и изведувачите на сцената, за жал, мора да го прекине, пренесува Cazin.net.

Откако било јасно дека концертот поради исклучително неповолните временски околности мора да се прекине, публиката била замолена да го напушти стадионот, што и го направила, а организаторот на концертот, по празнењето на стадионот, соопштил дека сите посетители се на безбедно и неповредени.

Петнаесет минути по прекинот на концерот, поради големите количини на врнежи, покривот на сцената попуштил пришто бил повреден тапанорт Амар Чешљар, кој во тој момент се наоѓал ан сцента. Поради повреди на левата нога, Шешљар е хоспитализиран и е надвор од животна опасност.

– Одиме дома. За жал, ова вечерва е невозможно. Многу ви благодарам. Ако даде Господ, ќе има прилики и ќе имаме повеќе среќа. Ова е опасно по живот – рекол синоќа Дино Мерлин.

Подготви: К. А.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *