Пожар изгоре две куќи во винички Блатец. Двајца браќа останаа без своите домови

Голем пожар во виничко Блатец. Речиси до темел, изгореа куќите на двајца браќа:

  • Почна од оџакот на сосетката, за секунда ги зафати и мојата и куќата на брат ми. Буквално сé пламна во еден момент, рече Никола Тиловски, сопственик на изгорена куќа.

На Никола му изгорело буквално сé, а огнот во неповрет ја однел и животната заштеда , одвојувана од уста за црни денови – вкупно 5.000 евра и 40.000 денари.

Полошо од ова, за Никола нема, но ја нема ниту грижливо собираната заштеда:

  • Секој денар го собирав со мака, сега немам ништо, рече Тиловски.

Лошо поминал и братот на Никола –  Глигор:

  • Горниот кат е целосно изгорен, мебелот на децата , личните работи …, рече Глигор Тиловски, сопственик на изгорена куќа.

Огнот ги пеплосал куќите пред очите на цело село, но сите присутни биле немоќни да помогнат:

  • Жената пискаше, почнавме да викаме пожарна, ама веќе огнот ги изгоре куќите, кажа Фроса Мајсторска, сосетка.
  • Среќа што малку росеше и немаше ветер, инаку ќе изгореше половина село, рече Борис Мајсторски, сосед.

Речиси на залезот од животот, двајцата браќа ќе мораат сé да создаваат од нула.

На Никола и сопругата им остана само помошната шупа и веројатно зимата ќе ја поминат таму, без алишта, без покуќнина, без пари и без надеж.

Извор: Телевизија Стар

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *