Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев на вчерашниот натпревар на неговиот клуб се пофали со новиот убавец во неговиот возен парк. Гледачите во комплексот на ФФМ не можеа да ги одвојат очите од „ренџ роверот“ на Пандев, теренско возило во бела боја.
Ќе паднете во несвест кога ќе чуете колку чини еден ваков „ѕвер“. Цената е вистинска ситница од околу 100.000 евра. Пандев, покрај успехот на теренот, има голем успех и надвор од него. Неговиот клуб „Академија Пандев“ го освои младинското куп-финале, а сениорите влегоа во втората лига.