Повторно во беровско Русиново: Ендемично дрво расте само таму и во Калифорнија (САД)

03.01.2017 – (www.kamenica.mk)

Калифорнија и беровско Русиново ги врзува приодното светско чудо од ендемичен вид- зимзеленото дрво севкоја кое живее во дворот на беровското училиште „Никола Петров- Русински“. Пензионираниот наставник по биологија Благој, се сеќава дека дрвото е засадено пред три децении.

Изјава Благој Чукарски, пензиониран наставник по биологија-ова дрво е засадено 1984 година, во рамките на наставата за земјоделско образование, јас и учениците го засадивме, но не знаевме тогаш дека станува збор за севкоја

Потеклото на дрвото е од Калифорнија, раскажува наставникот, кој добро го проучил овој ендемичен вид

–        Татковината на дрвото е во Калифорнија, каде ова дрво има висина 150 метри, а дебелина на стеблото 40 метри. Во Калифорнија на места каде има севкоја, а каде се градат патишта, се пробивале стеблата како во тунел, изјави Благој Чукарски, пензиониран наставник.

Денес дрвото во Русиново достигнало висина над 30 метри и засега не преставува опасност по зградата на училиштето, туку симбол за ова училиште.

Во енциклопедиите, севкојата е позната како  најголемо живо суштество на планетата и спаѓа во природните светски чуда. Фосилни остатоци од ова дрво се пронајдени во карпите, а се смета дека постоеле во периодот на Јура, пред 180 и 140 милиони години. Денеска преживеале само два вида од ова дрво, а досега се откриени 11, а се наоѓаат во Кина и Калифорнија.

Преземено од: Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *