Повредени се пет лица во судир на патот Каменица-Делчево

Пет лица повредени, од кои двајца со тешки телесни повреди е билансот од синоќешната сообраќајна несреќа пред Делчево во која учествувале три возила. Во несреќата учествувале два голфа и една хонда, а се случила околу 22 часот на магистралниот пат Делчево -Каменица кај месноста Лештаро во атарот на селото Драмче. Во трите возила имало 7 патници од кои две деца. Повредените биле префрлени во штипската клиничка болница. Според нашите информации, при разминување дошло до судир помеѓу хондата управувана од 27-годишниот В.Ч од Разловци, со еден сопатник и голфот со штипски регистерски таблички управуван од 46-годишниот Т.Т, каде имало 4 сопатници од кои две деца. Вториот голф се удрил во првиот, а тој бил управуван од возачат А.А., кој има 18 години и бил со двајца сопатници.

Најтешко повреден е возачот од Штип, кој е задржан во болница, но и неговите сопатници меѓу кои и децата кои се пуштени на домашно лекување.

Од СВР Штип ја потврдуваат несреќата и информираат дека на сите повредени им е укажана навремена медицинска помош. Нивни екипи извршиле увид на местото на несреќата, по што ќе се  утврдат и причините кои довеле до несреќата.

извор: Телевизија Стар – Штип

Еве го целиот прилог на Телевизија Стар

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *