Повод за наше интервју со Никола Велиновски – Црни фронтменот на REPLAY BAND е нивната нова нумера “Така случајно”. kamenica.mk

“Replay” – со нова песна ,,Така случајно’’. Спојот од звуците на гитара и саксофон кои ја откриваат милозвучноста и, по малку, заводливата страна на македонската поп-музикa, ја создадоа новата песна ,,Така случајно’’. Песната е со брзи елементи и невообичаена, и со сигурност ќе им се допадне на фановите на македонската музика. Релативно новиот бенд “RePlay” ја промовираат својата прва авторска песна, која со сигурност ќе стане хит. Во соработка со секогаш оригиналниот Бојан Трајковски (Eye Cue) и ,,Inovativa group’’ направија нешто што ќе остави траен белег на македонската музичка сцена. Бидете подготвени да го слушнете ова уметничко дело…

received_602173373318936
,,Релативно Нов бенд” е едногодишната изрека на РИПЛЕЈ, која веќе прераснува во ,,познат бенд” на музичката естрада. Двајца млади талентирани момчиња кои ги споија саксот и гитарата оставаат траг ширум Македонија. Станува збор за вокалистот, а воедно и гитарист Никола Велиновски од Македонска Каменица и саксафонистот Столе Коцев од Струмица. Риплеј неодамна го прослави својот втор роденден, а досега за нивниот ангажман и труд можеме да видиме и официјално на нивната фан страна. На кратко, како дел од преработка односно, ковери на РИПЛЕЈ ги издвоивме : Кад Ходаш-Бора Чорба, Кучето мое-Студени нозе како и познатата Туѓа си бескрајно-Ефто Пупиновски. Имено, овие песни се дел од репертоарот на РИПЛЕЈ кои ги пеат и забавуваат фановите во локалите низ Македонија. Во овој контекст мора да напоменеме дека бендот покрај Никола и Столе, знае да се појави со повеќе членови. Од еден крај до друг, од исток па до запад РИПЛЕЈ станува речиси главна тема на ноќните локали. Со својот континуиран труд, чекорот до успех е неизбежен за бендот. Нивното мото е бендот –Never stop ! . Точно, забележително РИПЛЕЈ често изненадува со нешто ново и привлечно, па затоа наскоро се очекува уште една песна (преработка) која ќе не врати во 90-тите години.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *