Повеќе од 8 000 гости на „Бабина баница 2016“

Вчера, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица се оддржа петтата по ред манифестација „Бабина баница 2016“. Повеќе од 8 000 посетители од Македонија, Бугарија и Србија имаа можност да пробаат од традиционално подготвена баница под вршник и селска манџа направена по традиционален македонски рецепт . Огромен бенефит од оддржувањето на настанот имаше и локалниот угостителски сектор, кој според првичните пресметки продаде повеќе од 4 000 килограми прехранбени производи. На „Бабина баница 2016“ покрај делот од натпреварувачки карактер-подготовка на баница под вршник, на кој победи Здружението на пензионери од Штип и Карбинци, имаше и ревијална културна-уметничка програма, со настапи на повеќе секции од Здруженија на пензионери. Годинава, манифестацијата беше од интернационален карактер и покрај Здруженија на пензионери од Македонија, имаше пензионери и од Бугарија и од Србија. Рекордната посета на годинашнава „Бабина баница“ е мотив плус за уште подобра организација и уште поголем број на гости за наредната година.

Организатор на манифестацијата е Здружението на пензионери од Македонска Каменица со поддршка на општина Македонска Каменица и останатите локални фирми и институции

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *