Победа на ЖФК Каменица САСА за зацврстување на лидерската позиција во Првата женска фудбалска лига на Македонија

Вчера се одигра редовното 7. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, во кое екипите на
ЖФК Скопје 2014 и ЖФК Каменица САСА одиграа со резултат 0:3 во корист на гостите од Македонска Каменица.
Стрелци на головите за екипата на Каменица САСА беа Ана Димитровска (2) и Туане Фрагосо (1).

 

 

– Тврд натпревар на тешкиот за гостување терен во Скопје. Сепак постигнавме три гола и стигнавме до планираната победа. Честитки за целиот тим, за добрата игра, – стои во објавата од клубот

ЖФК Каменица САСА со  освоени 19 бодови е лидер на табелата во Првата женска фудбалска лига на Македонија, пред струмичка Тиверија, Јунајтед од Струга и Љуботен од Тетово. Сите имаат по 13 бодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *