Планинари од Македонија и Бугарија вчера го искачија Голак (1563)

Планинари од Македонија и Бугарија се искачуваа на Голак

Делчево, 26 декември 2016

Педесетина планинари од Македонија и Бугарија вчера ја освојуваа планината Голак и врвот Чавка на 1536 метри надморака висина. Акцијата беше во организација на  ПК „Планинари-Кадиица“ од Пехчево и ЕПК „ЕКО Планинари“ од Делчево. Марјан  Митриноски од пехчевското здружение истакна дека со оваа акција тие го заокружуваат планот на активности за оваа 2016 година.

– На планинарската акција учествуваа планинари од Софија, Неготино, Македонска Каменица, Пробиштип, Валандово, Кочани и планинари од Делчево и Пехчево. На Голак и врвот Чавка се задржавме околу 3 часа, а гостите од кои повеќето присуствуваат првпат на оваа убава планина во Источна Македонија, беа воодушевени од погледот кој се отвора од Голак, од убавата шума, го посетивме манастирот Св. Пантелејмон, а на инсистирање на гостите, го посетивме и локалитетот Илин Камен кај делчевското село Ѕвегор каде им ја раскажавме легендата за каменот кој помага за лекување на неплодност кај жените, рече Митриновски.

Тој додаде дека овие планинарски акции се значајни за промоција на убавините од нашиот крај, а во плановите за наредната година, ќе работат на поголема промоција на планинарењето со што сакаат да привлечат поголем дел од љубтелите на природата и од соседните земји.

Планинарското  друштво Кадиица од Пехчево постои од 1948 година и има десетина актвни членови планинари, а се вклучени во неколку европски прокети поврзани со зачувување на животната средина и развојот на туризмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.