Пехчевско Панчарево ја доби својата прва монографија

Пехчевско Панчарево ја доби својата прва монографија. Историчарот по потеко од Панчарево, Спиридон Митевски, воден од

љубопитноста и следејќи ги трагите од минатото на родното село, ја изнесе на виделина првата историска монографија за Панчарево.

  • Многу работи најдов во литературата, во писма зачувани од Гоце Делчев. Некои документи ми пратија и од архивот во Софија, Бугарија, изјави Спиридон Митевски, автор на монографијата.

pehcevo-2008-0191-680x457

Селото поекнува од праисторијата, а многубројни артефакти, малку истражувани,  зборуваат за староста на селото.

  • Населба на тоа подрачје кајшто е селото постои некаде од третиот милениум пред нашата ера и од тогаш континуирано се живее на тоа подрајче, раскажува Митевски.

Промоцијата на првата монографија ги врати во Пехчево панчаревците одамна иселени во Штип, Скопје, Делчево..

  • Од Панчарево потекнуваат многу познати личности, како што се генерали, лекари, правници, адвокати, кажа проф. д-р Марин Александров.
  • Низ целото мое срце е Панчарево и затоа денес сум овде присутен на промоција на монографијата за него, рече Ѓорѓи Крстовски.
  • Ова за нас е библија за едно село која сум сигурен дека може да се надополнува, вели Јован Манчевски.

Панчарево денес ја живее судбината на македонските села. Ако во 1961 година имало 993 жители денеска има околу 350 претежно старци.

Во Панчарево денес жиевеат 350 жители. Панчарево било сведок на многу бурни времиња, кои оставале по некој белег во селото. Но денеска, белата чума се заканува на селото, овде живеат 350 жители претежно старци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *