
Покрај тоа што возењето велосипед е здраво, тоа е економично и да не спомнуваме колку придонесува за зачувување на природата.
Во продолжение прочитајте пет причини поради кои морате да имате велосипед.
Здрав за телото
Го поттикнува кардиоваскуларниот систем, ја подобрува кондицијата, корисен е за согорување на калориите. Секој ден може да работите на вашата линија без одење во теретана и фитнес центри.
Здрав за умот
Возењето на велосипедот докажано го намалува стресот, а независно од тоа дали го возите за рекреација или ви служи како средство за превоз, тоа ќе ве исполни и опушти.
Здрав за околината
Земјите ширум светот се обидуваат да ја намалат емисијата на штетните издувни гасови кои ги произведуваат автомобилите, а велосипедот е одлично средство за тоа. Освен што ќе се чувствувате среќно и фит, ќе направите нешто добро за животната средина.
Практичен
Гужвите во сообраќајот нема да ви значат ништо. Велосипедот може да ви стане главен сојузник кој ќе го штеди вашето време, но и парите за паркинг.
Здрав за паричникот
Бензинот за автомобилот, но и јавниот превоз се голем удар за вашиот паричник. Превозот со велосипед е секогаш најисплатлива опција.