Осум лица поседуваат дури половина од вкупното богатството во светот

8 лица поседуваат богатство, колку половина од населението во светот

Осум милијардери поседуваат богатство колку половина од населението во светот, пишува „The Telegraph“.

Истражувањето спроведено од „Oxfam“ утврдило дека јазот меѓу богатите и сиромашните е многу поголемо од очекуваното и повикува на суштински промени во „деформираната“ економија која овозможува мала група да има поголемо богатство, отколку што може да потроши, додека еден на секој девет е гладен.

Студијата излегува токму пред отворањето на Светскиот економски форум, кој се одржува секоја година во швајцарското ски одморалиште Давос и кој често е критикуван поради тоа што е повеќе се зборува за богатите и моќните.

„Нееднаквоста не само што држи милиони во сиромаштија, но тоа ги дели нашите општества и ја труе нашата политика“, велат од „Oxfam“.

Оттаму ги повикуваат светските лидери да ја подобрат меѓународната соработка, за да го сопрат избегнувањето на плаќање на даноци; да преземат акција, стимулирајќи ги компаниите да дејствуваат во корист на персоналот и на акционерите; да ги пренасочат даноците на богатство за финансирање на здравството, образованието и создавањето на работни места; како и да ги подобрат можностите за жените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *