Орото “Копачка” добива своја монографија и филм

Патот на орото  Копачка, од соборот во Драмче преку многубројните домашни и светски фестивали, па сѐ до УНЕСКО, доби своја монографија и филм. Авторот на монографијата, Димитар Узунски, познатиот делчевски фолклорист, кој 58 години ја води Копачката на фолклорната сцена, своите спомени, стари фотографии, згоди и незгоди,  ги преточи во првата монографија за Копачката.

  • Сакав да ја претставам прво во општината а потоа и надвор од неа и успеав во тоа. За сите настани водев свои забелешки, собирав фото и видео материјали и тоа придонесе во пишувањето на монографијата, изјави Димитар Узунски, раководител на ФГ Копачка.

Промоцијата на монографијата и на документарниот филм е по повод двегодишнината од в пишувањето на Копачката во УНЕСКО, докумети кои остануваа на идните генерации.

  • Од посебно значење е монографијата, бидејќи претставува неговиот животен пат. Исклучително богата монграфија со многу прецизно водена архива и сме исклучително среќни што имаме мжност да ја промовираме оваа монографија, изјави м-р Ивона Татарчевска-Опетчевска, Управа за заштита на културното наследство.
  • Двата производи, и филмот и книгата, се од огромно значење за архивирање на целиот процес на впишување на Копачката во УНЕСКО кој предивика бран реакции. Ние сме горди на Копачката и на Делчево, д-р Велика Стојкова-Серафимовска од Институт за фолклор „Марко Цепенков“.

Копачката сега е пред предизвик да се докаже одржливоста на орото.

  • Всушност ќе ја истражуваме копачката како ја играле во регионот на Пијанец. Има повеќе варијанти, тоа ќе го регистрираме и ќе го сместиме во еден каталог, изјави Перса Стојановска, Здружение „Копачка“.

По повод двегодишнината од Копачката во УНЕСКО, на поединци и фирми поддржувачи на „Копаката“ беа доделени благодарници. Благодарница доби и министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, како и ТВ Стар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *