ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА СТАНУВА ЛИДЕР ВО МАКЕДОНИЈА ПО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Во насока на подобрување на благосостојбата на жителите, особено во периодов во кој е актуелна се позасилена економска и енергетска криза, од Општина Македонска Каменица најавуваат низа мерки за директна финансиска поддршка наменета за локалните жители.

Општината која веќе одделува значајни финансиски средства за секое новородено дете, за секое прваче, за сите средношколци запишани во прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“, за талентирани ученици и студенти, од 2023 година ќе воведе бесплатен оброк за сите дечиња кои се запишани во Детската градинка „Бамби“ и во ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Само за оваа намена ќе бидат издвоени околу 770.000,оо денари месечно, односно околу 9,2 милиони денари на годишно ниво финансиски средства од општинскиот буџет.

Со укинувањето на средствата за угостителски услуги, практика која ќе продолжи и во иднина, ќе бидат набавувани технички помагала и средства за ученици за подобрување на образовниот процес.

Со укинување на други непродуктивни расходи во Буџетот за 2023 година ќе се обезбедат финансиски средства за дополнителни мерки за ранливите категории на граѓани, особено за лицата со посебни потреби. Досега во оваа насока се обезбедуваа средства за лица кои имаат потреба од болничко лекување, за самохрани родители и еднородителски семејства. Овие мерки се заради намалување на социјалната нееднаквост и за создавање на еднакви можности за сите граѓани.

Во текстот кој беше објавен на официјалната фан страна на Димчо Атанасовски – градоначалник на Општина Македонска Каменица се дефинирани правците во кои ќе се движи градот во наредната 2023 година, а со цел транспарентна подготовка на новиот Буџет најавени се посети на сите урбани и рурални средини, како и Јавен повик на кој гражаните ќе може да ги достават своите предлози, идеи и проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *