18. Мај 2017 (kamenica.mk)
Македонска Каменица
По поставувањето на табли со ознаки и имиња на сите градски улици, општина Македонска Каменица пред извесен период започна со бесплатно доделување и на куќните редни броеви за домаќинствата од индивидуалните домови и живеалишта.
Граѓаните, своите куќни броеви може да си ги подигнат од просториите на општина Македонска Каменица, кај одговорното лице Дејан Постоловски.