Општина Македонска Каменица додели стипендии за основци и средношколци

Општина Македонска Каменица додели пет стипендии за 2017 година, за основци и средношколци. Решенијата за стипендирање на учениците им ги врачи градоначалникот, д-р Дарко Митевски. Висината на стипендијата е 2500 денари и се доделува за период од десет месеци. За доделување на стипендиите, покрај успехот на учениците, значен фактор е и социјалниот аспект. Годинава стипендирани ученици ќе бидат: Илина Лефкова, Јована Костадиновска, Мартин Ѓорѓиевски, Ана Михаилова и Климентина Соколовска.

Стипендиите, Македонска Каменица, ги доделува веќе 6 години, а во општинскиот буџет се планираат финансиски средства за поддршка на образованието по разни основи.

Покрај стипендирањето на учениците, Општината веќе одвојува средства и за еднократна поддршка за талентирани ученици и спортисти и нивни ментори.

Leave a Reply

Your email address will not be published.