Општина Македонска Каменица дава повеќе од милион денари како директна помош за граѓаните

Општина Македонска Каменица, годишно, одвојува по повеќе од милион денари за директна помош на граѓаните. Овие средства се доделуваат како еднократна парична помош за новороденчиња, еднократна финансиска помош за ранливи категории на граѓани или лица погодени од елементарни непогоди.

Во текот на 2016 година, доделени се повеќе од 400.000 денари како еднократна помош за околу 70 новододенчиња, а околу 700.000 денари се исплатени на социјално-загрозени лица, лица со ниски примања, лица со тешки здравствени проблеми и лица погодени од елементарни непогоди.

Покрај овие финансиски средства, а во насока на создавање услови за инклузија  и подобрување на положбата на лицата во социјален ризик, се одвојуваат значителни средства и за организирање екскурзии на ранливите групи, се доделуваат социјални пакети, а се обезбедува поддршка и невладините организации кои работат во овој домен.

Со изградбата на новиот Дневен центар за лица со посебни потреби, како и со воведувањето на бесплатниот превоз за пензионери и социјално-загрозени категории на граѓани, Македонска Каменица, несомнено, станува лидер во државата во областа на социјалната заштита и социјалната превенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *