Општина Делчево го следи примерот на Македонска Каменица. Во Делчево е поставена атмосферска канализација во населбата Милково Брдо добиена како помош од УСАИД во Македонија

„Во текот на изминатите четири години, работевме заедно со нашите партнери во Македонија на идентификување и ефективно управување со ризиците поврзани со промените на климата. Меѓу најопасните од овие ризици се оние поврзани со екстремни временски настани, вклучувајќи суши, топлотни бранови и силното невреме.Овде, во Делчево, во партнерство со УСАИД, работевте сите заедно да се ублажат овие ризици и да се зголеми отпорноста на вашата заедница“ изјави Џејмс Стајн  директор на мисијата на УСАИД во Македонија.

Инаку проектот за изградба на канализацијата се реализираше преку проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени што го спроведува „Милиеуконтакт Македонија“. Овој проект во која УСАИД инвестира 2,8 милиони долари стартуваше пред четири години и има за цел да го зајакне капацитетот на општините да се подготват за и да ги адресираат локалните предизвици кои произлегуваат од ефектите поврзани со климатските промени. Во овој проект учестуваат десет општини: Пехчево, Теарце, Богданци, Кривогаштани, Маврово Ростуше, Боговиње, Студеничани, Виница, Прилеп и Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *