Општината гради пат до Перчаците во Моштица

Општина Македонска Каменица гради асфалтен пат до Перчачка маала во селото Моштица. Средствата се обезбедени како неповратен грант од ЕУ ИПА фондот, во вкупна висина од 260.000 евра. Покрај овој пат, со овие средства се гради и патот да Сарафска маала во село Саса.

Асфалтниот пат до Перчаците е со должина од 2,7 км, ширина на коловозот од 3,5 метри, со банкини од двете страна со ширина од 0,75 метри и решено атмосферско одводнување. Овој проект ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на живот на локалните жители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *