Од 2005 година до сега над 100 илјади Македонци потпишале изјава дека се чувствуваат како Бугари

Вкупно 57.627 Македонци успеале да докажат бугарско потекло и да добијат државјанство и пасош како „работна виза“ за иселување, покажуваат податоците од Министерството за правосудство во Софија.

Освен јазична подготвеност, морало да ги  изговорат напамет и најзначајните национални бугарски празници, да покажат познавање на бугарската историја и на хартија да докажуваат крвни врски со подалечни роднини од Бугарија.

 

Меѓутоа, освен бугарски пасоши, податоците на статистичкото биро на Европската унија, Евростат, покажуваат дека уште 48.589 Македонци од 2005 до 2016 година добиле државјанство од некоја друга европска земја од Унијата или Шенген зоната.

 

Со тоа, од 2005 година од кога Македонија го доби кандидатскиот статус за членка на ЕУ, вкупно 106.216 Македонци станале Европејци со државјанство и пасош.

 

Преземено од: скопјеинфо.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *