Како последица на намалувањето на цената на нафтата на светските берзи, поевтинија и горивата кај нас – процентот не е пропорционален и во просек изнесува 5,40% на рафинериските и 3,78% на малопродажните цени, но затоа апсолутниот износ е ист – 2 денари за литар помалку. До овој износ регулаторите од комисијата за енергетика на Република Македонија на денешната седница дојдоа откако според формулата наречена „Методологијата пропишана со Анекс Д од Договорот за купопродажба на акции и за концесија на Рафинерија АД Окта – Скопје, потпишан меѓу владата на Република Македонија и акционерското друштво ЕЛ.П.Е.Т. – Балканике како стратешки инвеститор“ ги искомбинираа влијанијата на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар која во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 51,57 $/барел и е за 6,38% пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период, кои пак забележаа намалување кај бензинот во просек за околу 6,89%, а кај дизелот намалување во просек за околу 6,75%. Влијание имаше и курсот на доларот во изминатиот 14-то дневен период кој изнесуваше 58,366 денари. Така, од ноќеска на полноќ во наредните 14 дена за литар Еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 65 денари, за Еуросупер БС-98 по 67 и за литар Еуродизел (Д-Е V) по 52 денари.