Невиден вандализам во Македонска Каменица

Во изминатиот период, во Македонска Каменица се случува невиден вандализам. Неодговорни лица ги уништуваат канделабрите во градот, ги корнат декоративните садници и ги уништуваат цветните насади, ги нагрдуваат поставените експонати во „Паркот на рударите“, сечат млади дрвца во централното градско подрачје и ја уништуваат урбаната опрема. Цел на вандалите е и Градскиот плоштад каде е причинета значителна материјална штета.
Од овие причини, општина Македонска Каменица ќе го засили присуството на општинското обезбедување, а ќе бидат известени и сите надлежни органи. Сторителите кои ќе бидат фатени ќе одговараат за причинетата материјална штета.
Општина Македонска Каменица веќе започна со активности за санирање на штетите и бара од граѓаните да се однесуваат одговорно и да не го уништуваат се она што е изградено и направено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *