Од понеделни, православните ги започнуваат постите посветени на Мајката Божја:
- Според пропишаното овие се строги пости, што значи од понеделник до петок се пости без зејтин, за викенд е дозволено масло и вино, а риба е дозволена само за Преображение, појасни ѓакон Димитар Арсов.
Постот е одлична прилика, да поведеме повеќе сметка и за нашето здравје, односно да се изврши детоксикација на организмот:
- Чистењето на организмот почнува од утрото и ние треба да му помогнеме со внес на повеќе течности, свежо овошје и зеленчук, за да го поттикнеме тој механизам, објасни Цеце Динева, нутриционист.
Но, лошо е ако постот се сфати само како телесен, односно како диета:
- Да не се ограничиме само на телесниот пост, туку да се свртиме и кон духовниот, кон молитвата и милосрдието, потсетува ѓакон Арсов.
Постите посветени на Пресвета Богородица се едни од најмасовно практикуваните пости во православието.
Ова првенствено е резултата на тоа што тие траат кратко, но и на големата почит што верниците ја имаат кон Мајката Божја, преку чии молитви дојде до спасение на човечките души и која е наша најголема застапничка пред Бога.
Извор: СтарТВ – Штип