Од печатница во Бугарија лажни евра низ цела Европа

Во Пловдив е откриена печатница, која се занимавала со масовно изготвување и ширење на лажни банкноти евра. Нејзиното работење е стопирано од страна на полицијата на Бугарија. Ова го соопшти директорот на Главното управување во борба против организираниот криминал на Бугарија Ивајло Спиридонов, пренесоа бугарските медиуми.

Печатницата се наоѓа во индустриската зона на Пловдив и од неа се запленети фалсификувани банкноти од над три милиони евра со номинална вредност од 50 и сто евра.

Властите објаснуваат дека фалсификуваните банкноти биле дистрибуирани на територијата на сите земји од Европската унија.

Во операцијата се уапсени девет бугарски граѓани. Криминалната група е следена од полицијата во последните пет месеци.

Главниот секретар на МВР на Бугарија Георги Костов исто така, објави дека еден од приведените бугарски граѓани бил суден во Германија за фалсификување на пари. Во моментов истрагата продолжува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *