Од календарот на МПЦ: Денеска е Преподобен Мартинијан (Велики Поклади – Прочка)

Од верските календари

26 февруари 2017

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 февруари.

Денеска е Преподобен Мартинијан (Велики Поклади – Прочка).

Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. За две години тој обиколил 164 места, а најпосле стигнал во Атина, каде што се упокоил во 422 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *