Од денес стапува на сила новиот Закон за работа на извршители

Од 1 јануари 2017 година стапува во сила нов Закон за извршување со кој ваквите шокови на кои цела една деценија беа изложени должниците, заминуваат во историјата.

Извршителите велат дека се е подготвено од првиот работен ден во 2017 година да почнат со новините: известување на граѓаните пред да им се блокира сметката, вонсудска наплата на комуналните долгови, но и наплата по нова тарифа за неколку комунални услуги, со која драстично ќе се намали цехот што го плаќа должникот при извршувањето.

Граѓаните кои имаат долгови за струја, вода, парно и други комунални услуги, по новогодишната прослава полесно ќе дишат. Воздухот и понатаму ќе остане нечист, но тие ќе се растоварат од стравот дека новата година ќе ја почнат со блокирана сметка, или дека ќе ги посети извршител, кој за долг од 100 евра, ќе им наплати не дај боже и до 1.000 евра.

Од 1 јануари 2017 година стапи на сила нов Закон за извршување со кој ваквите шокови на кои цела една деценија беа изложени должниците, заминуваат во историјата. Извршителите велат дека се е подготвено од првиот работен ден во 2017 година да почнат со новините: известување на граѓаните пред да им се блокира сметката, вонсудска наплата на комуналните долгови, но и наплата по нова тарифа за неколку комунални услуги, со која драстично ќе се намали цехот што го плаќа должникот при извршувањето.

Постапувајќи според новите законски решенија, кога ќе добијат налог за наплата, извршителите нема веднаш да блокираат сметки и непријатно да ги изненадуваат должниците, како што правеа досега.


За долговите на домаќинствата за сметките за вода, смет, куќен совет, кабелска и телефон до 2.000 денари и за струја и парно до 6.000 денари, воопшто нема да се спроведува присилна, туку вонсудска наплата, па пред да се оптовари долгот со трошоци, за судови, нотари, адвокати, извршители и камати, извршителот ќе го повика должникот, ќе му каже колку должи и ќе побара од него во рок од 15 дена да плати.

Во одредени случаи, во договор со должникот, може да му се даде и подолг рок за плаќање. Тогаш, крајниот цех што ќе го плати должникот ќе биде далеку помал од оној што би го платил кога би се спровела класична присилна наплата. Односно, би изнесувал колку долгот, плус одредена мала сума за извршителот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *