Од денес градот има своја урбана страна.

Почитувани!
Ви ја претставуваме идејата www.kamenica.mk
Од денес градот има своја урбана страна.
Ве покануваме и Вие да бидете дел од проектот www.kamenica.mk, каде единствената Ваша обврска е да бидете будни и жедни за новини.
Наша должност кон Вас, е перверзно соголување на вистината и безобразно дишење во врат на секоја новост во градот.
Ние, тимот на www.kamenica.mk Ви нудиме простор, време и искрено пружена рака за соработка со сите Вас, добронамерници и љубители на слободно кажаниот збор и мисла.
Градот се движи, Вие следете го ритамот.
Денес е почеток на приказната во која сакаме да се читаме, дружиме и развиваме заедно со Вас.
Ветуваме брутална борба за културно и урбано живеење на градот…

Искрено Ваши
www.kamenica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *