Огромна штетност по здравјато од “проникнат” лук и компир. Подобро веднаш фрлете ги

Ако компирите кои ги чувате дома проникнат, подобро е веднаш да ги фрлите. Проникнатите компири можат да предизвикаат силна реакција опасна по здравјето. Компирите оставени на дневна светлина не само што проникнуваат, туку и позеленуваат. Во нив се насобира многу силен отров познат како соланин. Во големи дози соланинот ги разградува црвените крвни клетки и делува лошо на централниот нервен систем. Кога во човечкиот организам ќе се најде соланин, предизвикува дехидрација, треска, мачнина и грчеви. Кај организми со послаб имунитет може да се стигне и до фатален крај.

Многу луѓе мислат дека ако ги сварат или испечат компирите, тоа ќе ги заштити од труење. Но, тоа е погрешно, бидејќи топлинската обработка не го уништува отровот во проникнатите компири. Дури и малите зелени дамки на компирот говорат дека во него има соланин. Првите симптоми на труење со соланин се мачнина во стомакот, гадење, повраќање, тешко дишење, нерамномерен пулс. Но, пред да се стигне до сето тоа, човекот кој изел компири со соланин добива чувство на изгореност на јазикот.

За компирите да не проникнуваат, тие не треба да се чуваат во ќеса или мрежа, туку во платнена торба која не пропуша светлина.

Проникнатиот лук исто така воопшто не е полезен за организмот, и покрај тоа што во споредба со компирите, штетата од него е значително помала. Во проникнатиот лук има материи кои ја намалуваат брзината на реакциите на организмот. Сулфанил-хидроксилните јони кои се содржат во проникнатиот лук проникнуваат во сите органи. Тоа води до расеаност, лесни главоболки и неспособност за концентрација, што пречи во работи, а може да попречи и при управување со возило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *