Овчар од Македонска Каменица во притвор поради полов напад врз малолетно лице од Умлена

Извор: Канал 5 ТВ

Овчар од Македонска Каменица заработи притвор, поради основано сомнение за полов напад врз малолетник не постар од 14 години.


Случајот е пријавен вчера од семејството на девојчето од пехчевското село Умлена, каде осомничениот минатата година работел како овчар.

Немилиот настан во повеќе наврати, според информацијата на полициските истражни органи се случил во периодот јуни-јули 2015 година, во домот на работодавецот на овчарот.

Педофилот искористувајќи згодни прилики, кога тој и детето останувале сами, вршел полови дејствија, го допирал, покажувајќи го половиот орган, а не изнесувајќи други детали од грозоморниот чин, од полицијата, базирајќи се на исказот од родителите, монструмот вршел и други физички контакти врз беспомошното дете.

Повеќе од една година, 12 годишното лице ја криела страшната тајна за траумата што ја доживувала, кога кај нив работел монструмот од Каменица.

Не издржувајќи повеќе деновиве, девојчето им раскажало се на родителите што му се случувало лани.

Згрозените родители веднаш педофилот го пријавиле во пехчевската полиција.

Судија по претходна постапка од кочанскиот Основен суд, му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Истрагата , што ги шокира и згрози мештаните од Умлена е во тек.

Leave a Reply

Your email address will not be published.