Обама го урна Твитер со својата последна порака како претседател на САД

После прошталниот говор во Чикаго, американскиот претседател во заминување, Барак Обама може да се каже дека се збогува и со сите негови следбеници на Твитер како претседател на најмоќната земја на светот.

Пораката за благодарност која што Барак Обама ја објави на социјалната мрежа Твитер после неговиот проштален говор стана убедливо најпопуларна на неговиот профил – истата е упатена до Америкаците, но подеднакво може да важи и за сите.

„Ви благодарам за се. Мојата последна молба е иста како и првата. Барам од вас да верувате – не во мојата способност да креирам промени, туку во вашата“, напиша Барак Обама на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Твитот само до вчера навечер беше ретвитуван над 600 илјади пати, пренесува новинската агенција AFP.

Портпаролот на Твитер, Ник Пачило изјави дека последниот твит е најпопуларниот твит на претседателот Обама и еден од најпопуларните на социјалната мрежа.


Тој истакна дека „последниот“ твит на Барак Обама како претседател на најмоќната држава на светот ја надминала популарноста на твитот кој што Обама го објави на таа социјална мрежа после одлуката на Врховниот суд во 2015-та година да биде укината забраната за хомосексуалните бракови кои што ја воведоа неколку сојузни држави.

Инаку, Барак Обама на социјалната мрежа Твитер досега има над 80 милиони следбеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *