Нов земјотрес од 5,3 степени го стресе Скопје. Скопјани на нозе, не се враќаат во своите домови

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го стресе Скопје во 15.10 часот. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар  земјотресот бил со епицентар на пет километри од центарот на градот во регионот на Скопска Црна Гора на длабочина од десет километри.

Утринава околу седум часот имаше земјотрес во Скопје со јачина од 4,4 степени. По вториот земјотрес граѓаните испаничено ги напуштија домовите и од претпазливост не се враќаат назад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *