Новогодишна честитка од Регулаторна. Горивата значително поскапуваат

Со намера да ни посака сé најубаво, регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија нé извести денеска дека новата година ќе ја дочекаме со за само два денари поскапи горива – од утре цената на цената на бензинот од 95 октани ќе биде 66,50, на безоловниот од 98 октани 68,50, а на омилениот ни дизел 53,50 денари за литар. Причините не треба да ги повторуваме – поскапувањето на цената на суровата нафта на светските пазари за 5,83%, скоро истото покачување на референтните цени на нафтените деривати, бензинот во просек за 5,58% и дизелот за 5,26% и како зачин курсот на доларот во изминатиот 14-дневен период кој беше за 2,10% повисок. Гледајќи ги бројкиве, на крај испаѓа дека треба да им бидеме благодарни што горивата поскапеа за само два денари – тоа што пред два месеца за литар бензин плаќавме по 60, а за литар дизел по 47 денари, мора да го заборавиме…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *