Нови водоводни линии во Индустриската зона во Македонска Каменица за потребите на капацитетите и нивно нормално функционирање во иднина

Општина Македонска Каменица во рамки на подготвителните работи за изградба на новите пристапни улици во Индустриската зона, врши поставување на нови водоводни линии за потребите на капацитетите и нивно нормално функционирање во иднина.

 

 

– И покрај интензивните градежни активности од пробивање и тампонирање на патен пристап кај индустриската зона кај м.в Каменички Рид се поставува водоводна линија за техничка вода на двата крака, едната во должина од 93, а другата во должина од 124 метри за нормално одвивање на работниот процес во иднина, – велат во соопштението за јавност од Општината

Вредноста на изградбата на водоводните линии изнесува 1.315.000 денари. Средства обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица. Изведувач на работите е ВОД-ВАР Инжинеринг – Скопје, избран како најповолен економски оператор во спроведената јавна набавка од Општината.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *