Новите членки на ЕУ бараат изедначување на платите

Радикалната десница од помладите членки на европската унија преку референдум ќе бара изедначување на платите во Унијата. Иницијативата е поттикната од потребата за намаување на економските разлики и состојбата на еднакви цени во Унијата.

Зад движењето Wage union стојат движења од Хрватска, Полска, Словачка, Романија, Бугарија, Летонија и Естонија, земји во кои платите се пониски од оние во западна Европа.

Тие ќе треба за една  година да соберат над милион потписи,  по што ЕК ќе треба да реагира во рок од три месеци.

Еден од организаторите на иницијативата Габор Вона изјави дека сака „по еднаквоста на цените во заедничката држава да се постигне и еднаквост на платите“.

Просечната годишна нето плата на поединец во 2015 година,според податоците на Еуростат, се движела од 4.000 евра во Бугарија до 38.500 евра во Луксембург. Во Унгарија за истиот период изнесувала околу 8.000 евра, во Хрватска и Чешка околу 10.000, а во Австрија и Германија била околу 30.000 евра.

Извор: СтарТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *