Нова 2018 година во Краков со Libero Travel. Извонредна понуда за млади!

Краков – Нова Година 2018

29.12.2017 –02.01.2018 / 5 дена / 2 ноќевања

4 дена / 2 ноќевања со појадок + превоз + разглед  со водич

ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2017

Цена на аранжманот: 99€/ 6140 денари

МОЖНОСТ ЗА ПЛАКАЊЕ НА РАТИ !!!

Град со посебна атмосфера и извонредно топли и гостопримливи луѓе, град за истражување, провод и прошетка во минатото. Измешаноста на минатото со сегашноста го прави Краков единствен и никогаш ист. Придружете ни се и доживејте ја новогодишната атмосфера во дискотека или на прекрасните плоштади и препуштете се на динамичниот ноќен живот во Краков, бидејќи тоа е град со најдобра забава за млади

Краков е град во јужниот дел на Полска и уште е наречен „Град-Музеј“. Се наоѓа над реката Висла. Во минатото бил престолнина на Полска. Денеска во него живеат околу  750 000 жители. Површината на градот е 326,8км. Краков е административен, културен, образовен, индустриски и туристички центар во регионот. Тој е еден од најважните културни центри на Полска, а го сметаат за културна престолнина на државата. Во Краков се наоѓаат многу културни институции кои се од посебно значење за цела Полска. Краков е прв универзитетски центар во Европа, полн со млади луѓе, чија енергија ја има  во секој дел од овој прекрасен град.

Комплетната новогодишна програма на Libero Travel за дочек на 2018 година во Краков погледнете ја тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *