Новата Нокиа 3310 е практично бескорисна

По воодушевувањето што го предизвика новата верзија на легендарниот мобилен телефон „нокиа 3310“, многумина кои планираа да го купат би можеле да останат разочарани. Иако новата во споредба со оригиналната верзија е значително подобрена, сепак уредот со мрежите комуницира преку застарената 2Г-технологија, која во многу делови на светот е веќе згасната, а тоа наскоро ќе се случи во повеќето земји, со што телефонот станува практично бескорисен.

На барање на клиентите Нокиа по 17 години го врати во продажба овој модел. Новиот Нокиа 3310 е помодерен, но со старите карактеристики според кои беше препознатлив. Нокиа 3310 е потенка и полесна, и со повесели бои. Важно е да се истакне дека ова не е паметен телефон. Има поголем екран со ниска резолуција, но во боја. Има и камера, но од 2 мегапискела. Позитивно е што батеријата може да издржи 22 часа разговори, а ако не го користите мобилниот, батеријата ќе трае и до 30 дена. Исто така, таа може да се замени. Препознатлива е играта Snake, како и звуците на ѕвонењето. Цената е 49 евра, во согласност со дизајнот.

Дали големиот пропуст кој е направен,, односно, фактот што телефонот работи само на 2Г-технологија, ќе биде пречка за добра продажба, останува да видиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *