Никола Ќурчиски член на Клубот на лидери на Македонија2025 говори за неговиот успех да обезбеди 6 целосни стипендии на Руската Претседателска Академија во Москва

22. Март – Македонска Каменица (www.kamenica.mk)

Нашиот сограѓанин Никола Ќурчиски, докторанд на Руската Претседателска Академија во Москва говори за успехот како член на Клубот на лидери на Македонија 2025 да обезбеди шест целосни стипендии за студирање на додипломски и постдипломски студии на Академијата (Russian Presidential Academy) во Москва.


Претходната година имаше 2 целосни стипендии преку кои дојдоа двајца извонредни студенти Ивона Мартиновска и Никола Серафимов. Како резултат на тоа, оваа година Руската Претседателска Академија одлучи да продлабочи соработката помеѓу Macedonia 2025 и Академијата – вели Никола Ќурчиски, кој деновиве го посети главниот град на Македонија како главен претставник и презентер на Руската Претседателска Академија. Во склоп на остварената посета на Скопје тој беше гостин и на нашиот Прв национален телевизиски сервис МТВ1, каде одговори на доста прашања за детали поврзани со доделените стипендии и условите за аплицирање.

Оваа година ќе бидат доделени:

– 2 стипендии за додипломски студии на програмата Global Governance and Leadership,RANEPA
– 4 стипендии за постдипломски студии на следните програми:
– 2 стипендии за Global Finance
– 1 стипендија за Global Public Policy – MGPP
– 1 стипендија за Project Management

Прекрасна можност за сите млади луѓе од Македонија кои сакаат да студираат и живеат во Москва. Овие програми се едни од најпрестижните во Русија и наставата се изведува целосно на англиски јазик. Вкупната вредност на стипендиите изнесува $100 000. Подолу во линкот ќе ги најдете сите потребни информации како може да аплицирате за стипендиите.

Никола Ќурчиски не го крие задоволството од ваквата соработка и искрено се надева дека од наредната година по неговите чекори кон градење на успешна и блескава кариера ќе тргнат уште поголем број на млади и амбициозни студенти, а воедно и Македонскиот клуб на Руската Претседателска Академија сериозно ќе се зголеми со нови надежни млади лидери кои достојно ќе ја претставуаат Македонија.

http://www.macedonia2025.com/activities/single/924

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *