Ние пред 100 и повеќе години создадовме топ, денес Бугарите од цреша создаваат ракетно гориво

Базата за новото ракетно гориво е црешата и ова гориво претставува одлична еколошка замена на досега користеното цврсто гориво, плус дополнителни предности на новото гориво се неговата поевтина цена и полесно одржување.

Христофор Скандалиев, еден од раководителите на клубот за аерокосмички технологии „Зодиак“ каде се појавила оваа иновација, изјавил дека тестовите што ги направиле со употребата на новото гориво во против-градните ракети биле успешни.

Процесот на добивање на горивото се состои од собирање на сите цреши што се за фрлање (скапани, згмечени, оштетени …) и истите се претвараат во биомаса богата со шеќер која понатаму се претвора во ракетно гориво.

Само неколку лажички од ова гориво се доволни за да се лансира 2 кг тешка ракета преку 600 метри во височина.

Вистински се радуваме кога ќе слушнеме дека некој во регионот работи на интересни научно истражувачки проекти и се надеваме дека во наредниот период ќе пишуваме почесто за македонските.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *