Неделна временска прогноза

Денес е вторник, 14 март 2017 година, 73-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:43, а ќе зајде во 17:42 часот. Денот ќе трае 11 часа и 59 минути. Во утринските часови имаме претежно облачно и малку потопло време во однос на вчерашните температури. Во крајните западни како и понекаде во источните предели имаме и повремени сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 14 степени.

Во Македонска Каменица денес ќе биде умерено облачно со можност за кратки повремени сончеви периоди и ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, додека пак максималната дневна до 11 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда по студеното утро со утрински темератури од -4 до 5 степени, во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и малку потопло време со максимални температури од 5 до 15. Во четврток претпладне умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне претежно сончево со локална облачност. Минималните од -4 до 5 додека максималните дневни од 6 до 16 степени. Во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне претежно сончево и потопло време со дневна температура од 7 до 17 степени. Во сабота по студеното утро со утрински температури од -5 до 4 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со температури од 10 до 19 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *