На 13. Август ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на дијаспора на Еленец во село Цера

На 13. Август ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на дијаспора на Еленец во село Цера.

 

 

Македонска Каменица, 31. Јули 2023 година – На 13. Август 2023 година ќе се одржи 8. Манифестација Ден на Дијаспора. Настанот е во организација на Општина Македонска Каменица и КИЦ “Романса”.
Манифестацијата ќе се одржи на Манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, со почеток од 11:00 часот. На средбата со иселениците и годинава е предвидена богата културно уметничка програма.

Од КИЦ ” Романса” упатуваат предупредување до посетителите за зголемена внимателност при движење на отворен простор, поради постоење на можност од лесно предизвикување на шумски пожари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *