На денешен ден

18 јуни 2016 (МИА)

1583.- Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот.

1942.- Роден е англискиот музичар Пол Мекартни, член на квартетот “Битлси”, кои во шеесетите години на 20 век станаа најпопуларен рок состав на сите времиња. По распадот на “Битлси” во 1972 година продолжи со самостојна музичка кариера.

1979.- Во Виена, Леонид Брежњев и Џими Картер го потпишаа договорот SALT 2 со кој Советскиот Сојуз и САД се обврзаа да го ограничат стратешкото нуклеарно вооружување.

1987.- Израел ја осуди одлуката на поглаварот на римокатоличката црква папата Јован Павле Втори да го прими во аудиенција претседателот на Австрија Курт Валдхајм, вмешан во воените злосторства на нацистите во текот на Втората светска војна.

1996.- Бенјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција.

1997.- Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата.

2001.- Република Македонија и Народна Република Кина ги обновија дипломатските односи. Истиот ден Република Македонија и Република Кина Тајван ги раскинаа дипломатските односи.

2004.- Шефовите на држави и влади на 25 членки на Европската унија во Брисел го усвоија првиот устав на Европската унија, со договор документот да стапи на сила кога ќе го ратификуваат сите земји-членки на Унијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *