На денешен ден

image17 Јуни 2016 (МИА)

– Меѓународен ден на акции против сушите и поплавите

1397.- Данската кралица Маргарета Прва ги обедини под данската круна Данска, Шведска и Норвешка.

1818.- Во Париз е роден Шарл Гуно, француски композитор, кој заедно со Санс е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. Напиша 200 соло-песни, пишуваше црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери “Ромео и Јулија”, “Фауст”, “Миреј”, “Со сила лекар”, како и обработката на Баховиот прв клавирски концерт. Умре на 18 октомври 1893 година.

1977.- Во Скопје умре Лазо Наумовски, македонски новинар, уредник во весникот “Нова Македонија” и писател. Автор е на книгата за деца “Големата авантура”. Роден е во Гостивар, во 1923 година.

1982.- Во Виена умре Курт Јиргенс, германски артист со меѓународно реноме. Роден е во 1915 година.

1986.- Во Скопје, умре Ристо Шишков, македонски театарски, филмски и телевизиски артист. Освен на театарската сцена, играше и во дваесетина македонски играни филмови – “Републиката во пламен”, “Црно семе”, “Жед” и “Истрел”. Роден е во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, на 23 март 1940 година.

1990.- Во Скопје е основана ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство. За претседател е избран Љубчо Георгиевски. Регистрирана е на 3 август 1990 година.

1992.- Во Охрид умре Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од најстарите организатори на музичкиот живот во Македонија по 1945 година.

2000.- Умре проф. д-р Митко Панов, македонски научник на полето на демографијата и просторните обележја на Република Македонија, еден од подготвувачите на новата административна поделба на Република Македонија во 1996 година. Роден е во Скопје, во 1927 година.

2001.- На парламентарните избори во Бугарија победи партијата на поранешниот бугарски цар Симеон Втори. Партијата ја основа само два месеца пред изборите.

2007.- Во болицата „Сан Рафаеле“ во близина на Милано, умре Џанфранко Фере, еден од најголемите италијански модни креатори, име со високо светско реноме. Роден е во 1944 година.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *