Најкратката приказна што ќе ве расплаче

Легендарниот Ернест Хемингвеј бил многу млад кога во текот на разговорот со колегите писатели,  многу повозрасни од него, одлучил да се пофали по секоја цена. Тогаш на неговите соговорници им рекол дека е во состојба да напише комплетна приказна во само шест зборови. Никој не му поверувал, сите тоа го сфатиле како обид и желба на младиот писател да се истакне меѓу колегите.

Меѓутоа, за да го исмеат младиот Хемингвеј, одлучиле да си поиграат со него, па се обложиле дека тоа е невозможно, а секој од нив вложил по десет долари како поткрепа за нивната убеденост. Ернест земал салвета од масата и на неа напишал шест зборови.

Не сакал да прочита на глас, туку му рекол на колегата до него тоа да го направи наместо него. Никој не го прочитал на глас, туку само меѓусебно си  ја „додавале“ салфетката. После неколку минути му се извиниле на младиот колега па едногласно изјавиле дека шест зборови се повеќе од доволно да се напише приказна. И тоа, добра приказна.

Јасно е дека приказната може  да содржи многу повеќе зборови, но можно е да се направи чудо и само со шест зборови и тоа беше поентата на облогот.

Еве ја приказната на Хемингвеј:

– На продажба. Чевличиња за бебе. Неносени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.