„Надеж Норе“ одржа завршна прес конференција од пректот „Еднаквоста, носи напредок“

Македонска Каменица, 20. Септември 2023 година – Вчера, со почеток од 14.00 часот, во просториите на ЕЛС Македонска Каменица, здружението „Надеж Норе“ одржа завршен настан (прес конференција) од пректот „Еднаквоста, носи напредок“.

 

На завршниот настан од страна на експертите Тодор Цонев и Кимет Амет, на присутните граѓани, претставници на ЕЛС Македонска Каменица и советници, им беше презентиран извештајот од извршениот мониторинг за родово еднаквото буџетирање во општината Македонска Каменица. Исто така, на присутните им беа претставени и заклучоците и препораките од извештајот, а им беа претставени и одредени бужетски иницијативи со направена бужетска анали за на трошоците за тие иницијативи, со кои што би се унапредило родово еднаквото буџетирање во општината.

Инаку, проектот „Еднаквоста, носи напредок“, здружението „Надеж Норе“ го спроведе во периодот од месец Март 2022 до месец Септември 2023 година. Во спроведувањето на истиот, а и за потребите на истражувањето, беа одржани 4 фокус групи, беа извршени повеќе анкети на граѓани, интервјуа со претставници на надлежни институции, како и поднесени повеѓе барања за добивање на информации од јавен карактер.

Проектот „Еднаквоста, носи напредок“ е финансиски поддржан од страна на Европската Унија, како под грант на проектот „Низ женски леќи“ кој што во Р.С.Македонија го спроведува Центар за истражување и креирање политики, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“, Новинари за човекови права, Рурална Коалиција и Ехо.

Финансиската подршка преку добиениот грант е во висина од 248 265 денари, од кои 223 438 илјади денари се средства обезбедени од ЕУ, а 24 827 денари се средства од лично учество на Здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *