Му продавал марихуана на полицаец, заработил кривична пријава

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против А.Ш. (37) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што ина нформираа од полицијата 25 септември 2016 година на плоштадот во Гевгелија пријавениот нудел на продажба марихуана на лице, без притоа да знае дека се работи за полициски службеник.

По преземени мерки извршен е преглед над пријавениот, како и претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени 10,42 грама марихуана и пет стебла од растението канабис сатива, соопштија од полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *