“Човекот има три патишта за да постапува мудро: првиот, најблагородниот – размислување, вториот, најлесниот – следење, третиот, најгорчливиот – со искуството.”
Конфучие е кинески мислител и филозоф, роден во 551 г.пр.н.е. во семејството на осиромашен благородник. Според некои историски извори, татко му умира, кога има три години, и е одгледан од мајката во голема сиромаштија.
Во младоста работел како ситен администатор и постепено успеал да се издигне до функцијата министер за правда. Умира на 73-годишна возраст.