Младинските екипи на ФК Каменица-САСА на гостински терен ги “разрешетаа” своите врсници од ФК Кочани. Вкупни 0:10 на трите натпревари одиграни викендов во Кочани

Викендов младинците на ФК Каменица-САСА одиграа три натпревари според возрасни категории против екипата на ФК Кочани. Во сите три натпревари каменичани иако на гостински терен извојуваа три убедливи победи со одлична игра во одбраната и уште поубедлива во нападот. Победите против фудбалските екипи од Кочани во било која категорија на натпреварување се редовна пракса, а кочанските екипи се редовни “муштерии” на каменичките млади мајстори на фудбалот. Така и викендов веќе традиционално каменичките млади фудбалери на трите одиграни натпревари успеаа да постигнат дури 10, а не дозволија да примат ниту еден гол.

Еве ги и резултатите по категории:

2007/8 Кочани — Каменица-САСА 0:4

2005/6 Кочани — Каменица-САСА 0:3

2003/4 Кочани –Каменица-САСА 0:3

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *