Млада девојка ги посети сите земји во светот. Каде беше во Македонија?

27-годишната Кејси де Пекол е првата жена којашто ги посети сите земји во светот. Таа за 18 месеци и 26 дена ги посети сите 196 земји и е личноста којашто најбрзо успеала да го направи тоа. Нејзината авантура која е наречена Експедиција196, започна на 24 јули 2015, а ја заврши на 2 февруари 2017.

Ова нејзино патување низ целиот свет ја чинеше 198.000 долари, а поголемиот дел беше обезбеден од спонзори. Таа на својот Фејсбук профил напиша дека иако сите мислат дека Експедицијата била лесна, напротив, воопшто не било така.

Во текот на својата експедиција, Кејси постојано објавуваше фотографии на својот профил на Инстаграм од земјите во коишто се наоѓа.

Каде беше Кејси во Македонија? Погледнете ги фотографиите кои ги објави на нејзиниот инстаграм профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *