Мирко Манасиев од Цера го извади крстот од осветените води на Каменичка Река

Традиционално, Светиот крст за Водици, во Македонска Каменица се спушта во водите на Каменичка Река, во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот, денес имаше Мирко Манасиев од село Цера, Македонска Каменица. Стотици граѓани од Македонска Каменица го проследија овој чин, а за најсреќниот, градоначалникот на општина Македонска Каменица д-р Дарко Митевски додели пригодни подароци. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *